Масовната имунизација на најмалку 1,5 милиони жители на Србија обезбедува колективен имунитет што ќе биде доволен за да се спречат епидемиските бранови на коронавирусот. Тоа го нагласи српскиот епидемиолог и член на кризниот штаб, Предраг Кон.
Во порака на Фејсбук тој наведува дека за целосно сузбивање на коронавирусот потребен е колективен имунитет од над 80 проценти, односно да се вакцинираат до три милиони жители.
Според него, голем број (до 40 проценти) стекнале имунитет по контакт со вирусот, со тоа што прележале Ковид-19 или имале асимптоматска инфекција.
Тој посочи дека резултатот од масовната имунизација ќе зависи од одзивот на населението, но и од можноста тоа да не стане тема за поделби туку тема за лична заштита, но и солидарност.