Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер регистриран е доцна вечерва во Хрватска.
Според податоците на ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 22 часот и 29 минута.
Епицентарот бил на длабочина од 5 километри и во близина на Петриње на 13 км од Сисак.
Потресот бил краток и хоризонателен поради што се почувствувало лулање на објектите.
Земјотресот бил почувствуван и во БиХ, а српските медиуми јавуваат дека се почувствувал и во Белград.