Врховниот суд на Јужна Кореја ја потврди 20-годишната затворска казна за поранешната претседателка Парк Гун-хе поради корупција и злоупотреба на положбата.
Таа е обвинета и за земање на мито во посебен случај, по скандалот во 2017 година, што доведе до нејзино отповикување.
Ќерката на диктаторот Парк Чунг-хе, беше сменета од претседателската функција во март 20217 година по повеќенеделните протести со барање за нејзина оставка. Таа беше обвинета дека на нејзината блиска пријателка Чои Сон-сил и помогнала да изнуди пари од јужнокорејските компании, меѓу кои и Самсунг.
Парк во затвор ќе помине 22 години бидејќи изречена и е и двогодишна казна поради незаконско мешање во парламентарните избори во 2016 година.