Седумдесет и три доктори специјалисти и шест медицински здруженија порачаа „да му се даде како додаток на целото француско население витамин Д“ на превентивен начин, имајќи предвид дека бројни научни податоци покажуваат дека овај витамин „може да помогне во намалување на заразата со коронавирус“, јави дописникот на МИА.
– Се поголем број научни студии покажуваат дека додатоците на витамин Д (но не како замена на вакцинацијата) можат да помогнат при намалување на инфекцијата со Сарс-КоВ-2, како и ризикот од тешки форми на Ковид-19, реанимација и смрт, велат потписниците, меѓу кои и универзитетски професори од различни медицински специјалности, како и француските друштва за ендокринологија, педијатрија и геријатрија и геронтологија. Исто така, тие „повикуваат на француското население целосно да му се даде како додаток витамин Д (а не само на постари лица или лица изложени на ризик од тешка форма на Ковид-19)“, „пред инфекција со Сарс-КоВ-2“, ова само преку „рецепт од матичен доктор“.
Според текстот објавен денеска, меѓу 40 и 50 отсто од француската популација има недостаток на витамин Д, па дури и повеќе кај луѓето изложени на ризик од тешки форми на Ковид-19. И „во случај на докажана инфекција“, тие препорачуваат „додаток на високи дози на витамин Д“ штом се постави дијагнозата на Ковид-19, за „да се добие задоволителен статус на витамин Д колку е можно побрзо“.
Витаминот Д е хормон што може да се најде во храната, но кој главно се синтетизира во организмот под дејство на сончева светлина. Неговото природно производство „речиси го нема на француската територија“ во текот на зимскиот период.
Истотот го препорачуваат и многу други лекари. Тоа не е спорно. Матините лекари во Македонија, па и специјаистите, на пациентите со САРС КОВ2 вирусот им препорачуваат по 2000 ИЕ од витаминот Д3, а досега препорачаната доза беше 400 ИЕ на ден, што е минимално ниво кое треба организмот да го прими, отприлика како 60 мг Ц витамин дневно (што е доза која ја содржат повеќето мултивитамнски препарати).
Но, сега тие сфаќања се надминати. За витамин Ц се препорачува и до 3 грама на ден при акутни состојби имногу граѓани таа доза ја примаат без страв зашто лекарите и велат дека вишокот се излачува.
Но, спорна е дозата на витамин Д. Многумина имунолози сметаат дека дозата од 2 000 ИЕ на ден е малку (на пример, српскиот имунолог Каменов) и дека при зараза со САРС КОВ 2, треба многу повисоки дози – дури и до 10 000 ИЕ на ден. Но, луѓето се плашат, а лекарите не препорачуваат бидејќи нема студија за такво нешто.
Од друга страна, долготрајна употреба на витамин Д може да доведе до проблеми со бубрезите (под долготраја конзумација се смета период од неколку месеци и во дози над 50 000 ИЕ на ден), а за да се избегне тоа, витаминот Д3 се пие со К2 витаминот кој го носи таму каде треба и не дозволва таложење во бубрезите. Но, оваа комбинација сега не се препорачува, бидејќи К2 е одговорен за згрутчување на крвта, а кај заразен со САРС КОВ2 токму тоа треба да се избегне, па Е ОПАСЕН ВО ОВИЕ УСЛОВИ, посебн кај нас каде голем број заразени лица добиваат тромбови. Затоа и го нема клексанот, кој пак треба да ја разретчи крвта
Но, К2, е потребен, како што рековме, при употреба на екстремно високи дози на Д3 витамин, а како такви, лекарите кои го преферираат Д3 витаминот не ги сметаат дозите од 10 000 ИЕ на ден во период колку што трае заразата па и двојно повеќе, значи четири седмици. Српскиот имунолог Каменов дури смета дека кај повозрасните лица, кои се заразени треба да се дава и по 80 000 ИЕ на ден, но тоа секако под лекарски надзор и кога е САРС КОВ 2 во прашање – БЕЗ ВИТАМИН К2. Но и тие дози, смета Каменов, при употреба од неколку недели, не можат да направат никакви штети.