Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека за повеќе од 25 години како што е на власт, неговата влада не направила суштински грешки.

– Добро, јас не сум светец, невозможно е да се работи како претседател повеќе од една четвртина век и да не се направи некоја грешка. Но, ниту вие, ниту јас не направивме суштински грешки, рече Лукашенко на состанокот со студентите, пренесува агенцијата Белта .

– Ја создадовме првата суверена независна држава во историјата на нашата земја, на урнатините на една голема империја, додаде Лукашенко, нагласувајќи дека е среќен што е првиот претседател на таа држава, пренесува ТАСС.

Тоа е причината зошто тој е решен да ја брани таа земја – „на коњ, на тенк, со митралез или пушка во рака“.

– Јас ќе ја бранам својата земја по секоја цена, додаде Лукашенко.