Едно лице е уапсено откако е испратен сомнителен пакет во фабриката за вакцини „АстраЗенека“ во велшкиот град Рексам.
Ентони Колинс (53) од Чатам Хил во Чатам бил приведен во Кент, објави Би-Би-Си.
Полицијата во Кент соопшти дека тој е обвинет за испраќање лажна бомба, а фабриката е евакуирана и полициска единица пристигнала на местото на настанот.
Во соопштението се додава дека станува збор за лажна направа, а од фабриката велат дека инцидентот не го прекинал нивното производство на вакцината „АстраЗенека“.
Фабриката има капацитет да произведува околу 300 милиони дози годишно.
Колинс ќе се појави на суд на 26 февруари.