Престолнината на САД вчера осамна со снежна покривка од пет до 10 сантиметри, најголеми врнежи на снег во изминатите две години.
Во ноќните часови, темпаратурите се намалија два до три степени под нулата, иако снегот се очекува да се растопи во текот на неделата.
Снежното невреме ќе трае денеска и утре, но со периоди на паузи во падежите на снег со лапавица. Ваквото време предизвикува мокри и снежни коловози но на главните патишта уште завчера беше фрлено сол, па сега се лесно проодни и остануваат само мокри.
Жителите на Вашингтон и околината снегот го дочекаа со радост, зимски активноста како санкање и прошетки низ улиците, градските плоштади и паркови.
Според метереолозите, снег во престолнината се очекува и в недела.