Филхармонија денеска ќе го одржи концертот „Фанфари за еден пријател“ посветен на маестро Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017) со почеток во 20 часот.
Диригент на концертот е Габриел Бебешелеа, а програмата содржи дела од Копланд, Дика, Гуно, Шмит, Штраус и македонскиот композитор Ангел Спироски.
На концертот „Фанфари за еден пријател“ ќе се промовира серијата „Пред концертни разговори“ како нова практика на Филхармонија.
Идејата потекнува од новиот шеф -диригент, маестро Габриел Бебешелеа чија цел е преку овие разговори пред почетокот на концертите да ја запознае публиката со делата кои ќе бидат дел од програмата, како и со естетскиот и филозофскиот контекст на самите композиции.
„Пред концертни разговори“ ќе се реализираат во рамки на концертите со оркестарот на Филхармонија кои ќе ги води Бебешелеа.