Американскиот секретар за транспорт, Пит Бутиџич, следните 14 дена ќе биде во карантин, откако еден член од неговото обезбедување бил позитивен на тестирањето за коронавирус.
„Гардијан“ пренесува дека Бутиџич (39) нема симптоми на инфекцијата, а денеска бил и тестиран.
Неодамна тој ја прими првата доза од вакцината против коронавирус, а втората ќе ја добие откако ќе излезе од изолација.