Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели го навреди тренерот на Интер, Антонио Конте по синоќешниот реванш од полуфиналето на Купот на Италија со Интер (0:0). ТВ-камерите го снимија првиот човек на торинскиот клуб како му вели на Конте: Молчи, морон.

Подоцна беше откриено дека Конте го навредувал раководството на Јувентус покажувајќи им среден прст на патот кон соблекувалната по првото полувреме.

Јувентус и Интер одиграа нерешено 0:0, резултат што му одговараше на торинскиот клуб кој на првиот меч во Милано забележа победа со 2:1.

Во финалето Јувентус ќе игра со подобриот од пресметката Наполи – Аталанта.