Исплашени од правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ со денови вртат една иста плоча со лаги кои немаат врска со реалноста, се вели во реакцијата од владејачкиот СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за безбедносните сертификати од НАТО за спасовски и Маричиќ.
Го објавуваме целото соопштение.
Голем е стравот во ВМРО-ДПМНЕ од правдата и одговорноста и затоа оваа партија со денови врти една иста расипана плоча со невистини кои немаат никаква врска со реалноста.
Реалноста околу НАТО сертификатите е дека за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, постапката за добивање сертификат е во тек, а за министерот за правда, Бојан Маричиќ ваков документ воопшто и не е потребен.
Административните постапки за стекнување безбедносни сертификати се идентични за сите држави членки и тиа може да траат и до шест месеци, а пандемијата дополнително го пролонгира тој процес.
Но тоа за ВМРО-ДПМНЕ е неважно, ним им е важно по секоја цена да шират лажни вести и измислици, затоа што друго и не можат да понудат.
Во ВМРО-ДПМНЕ се исплашени што министрите Спасовски и Маричиќ се силно посветени на неселективно и ефикасно спроведување на законите, што посветено работат на обезбедување ред, правда и дисциплина.
Во опозициската партија се во паника затоа што доаѓа време на одговорност за нивните функционери кои ги прекршиле законите и затоа токму Маричиќ и Спасовски се цел на лажни вести и неосновани напади од белиот дворец.
Кога е Христијан Мицкоски во прашање може да зборуваме само за сертификати за лажни вести, за антидржавник, антиНАТО и главниот негов сертификат, потрчко на Груевски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ