Најмалку осум жители на јужната италијанска област Калабрија загинале во поплавата што ја зафати клисурата Полино, која е популарна туристичка дестинација.

Спасувачките екипи извлекле 12 лица кои биле заробени од поплавите, меѓу кои и 10-годишно дете. Но, тие се уште трагаат по неколку групи планинари, кои биле во клисурата во моментот кога реката ненадејно надошла и предизвикала поплава.

– Не знаеме уште колку точно луѓе се заробени од надојдената река. Се работи за тежок терен, длабока клисура долга километар, а на места широка само неколку метри, изјави Карло Танси, шеф на регионалните спасувачки служби.

Според него, на спасувачите ќе им бидат потребни повеќе часови да ја пребараат клисурата.

Поројниот дожд, како што објави АБЦ њус,  ја поплавил клисура исполнета со туристите, при што загинаа најмалку осум лица, објави агенцијата за цивилна заштита на Италија. Најмалку уште петмина се исчезнати.

Од канцеларијата на префектот изјавија дека 23 лица биле спасени од поплавата во клисурата Раганело, од кои пет биле хоспитализирани, меѓу кои и 10-годишното момче кое се лекува поради хипотермија.
Не се знае точно колку луѓе се водат за исчезнати, но имало најмалку 36 туристи во две организирани групи во клисурата долга 12 километри.