Чистењето на улиците во Тетово стигна и до угледниот швајцарски „Блик“.

На видеото се гледа како вработен во ЈП за патишта како стои во задниот дел на камионот и рачно фрла сол низ улиците на градот.

Веста за швајцарски „Блил“ е интересна очигледно затоа што спаѓа во рубриката „верувале или не“ кога е европска земја во прашање, па макар била и таква во која и со помош на Швајцарија е инстаиларана „дива влада“, а ДУИ 20 години е задолжителен криминален, но не и работлив декор  на секоја влада.

Инаку, иако надлежните за чистење на улиците и патиштата најавуваа дека се подготвени за првиот снег, сепак истиот вчера успеа да ги изненади и речиси да ја паралиризира целата држава.

Видеото од чистењето на снегот во Тетово кое што го пренесе и швајцарски „Блик“ можете да го погледнете ТУКА.

Швајцарите се потрудиле да го опремат видеото и со соодветна музика. Па, да ја поздравиме градоначалничката Теута Арифи и нејзиното ДУИ за овој успех.

Штета што Швајцарците не ги видоа и овие слики од чистење снег со најсовремена технологија – рака и количка – во атарот на Александар Наумовски. Така, и Ѓорче Петров ќе се најдеше на страниците на БЛИК.