Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД се „вратија“ и целосно се ангажирани во решавање на прашањата, како што се пандемијата на Ковид-19, климатските промени и иранската нуклеарна програма.

Тој за Би Би Си ја истакна важноста на вакцинацијата протов коронавирусот и упати критики за Кина поради, според негова проценка, недостигот на транспарентност при откривањето на начинот на кој се појави коронавирусот.

Блинкен смета дека е потребен подобар систем за здравствена заштита, со цел да се спречат пандемиите.

– Од земјите се бара да бидат транспарентни и да разменуваат информации, нагласи државниот секретар на САД.

Блинкен додаде дека Вашингтон и неговите европски партнери се повторно на иста страна кога станува збор за Иран.