Најмалку пет лица загинаа, а две се повредени, во три одделни бомбашки напади во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти денеска локалната полиција.
И покрај преговорите на Владата и Талибанците, со посредство на САД, за прекин на огнот во Авганистан, во изминатите месеци се зголеми насилството во таа држава.
Портпаролот на кабулската полиција Фердавс Фарамарз изјави дека првите две експлозии се случиле во период од 15 минути, а третата, чија цел било полициско возило, одекнала два часа подоцна.
Во втората експлозија загинале двајца војници и еден цивил, а во третата двајца полицајци.
Засега никој нема преземено одговорност за нападите, а полицијата во Кабул спроведува истрага.