Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер кој го постигна водечкиот гол на синоќешниот натпревар со Кристал Палас, постави рекорд по број на погодени пенали во Англиското фудбалско првенство.
32-годишниот Милнер е првиот во историјата на Премиер лигата со реализирани осум голови по ред.
Вкупно Милнер има постигнато 16 погодоци вна 134 натпревари во „црвениот“ дрес.