Јелена ЖУГИЌ
Денов го поминувам работно на Седница на Совет на Град Скопје која е во тек. Сакам да ве информирам дека мнозинството советници штотуку ја изгласаа ДОНАЦИЈАТА за проектно техничка документација за реконструкција на Универзална Сала во износ од 5.428.000 со вклучен ДДВ.
Во мојата дискусија се осврнав на:
ЗОШТО на Универзална Сала, на Скопје, на скопјани…им се ускратува можноста по законски принцип, да се распише тендер за идејно решение за проектно техничка документација?
Зошто се ускратува можноста да имаме ИЗБОР за НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ за реконструкција на салата?
Зошто секој проект кој е од јавен интерес Град Скопје го прави со донации?
За потсетување Универзална сала која е вон функција за минатата 2020та год пријавила расходи од над 13милиони денари/190.000ев, за невидливи проекти, а од друга страна Град Скопје прима ДОНАЦИЈА за идејно решение за истата!
Драги мои пријатели и леви и десни и неутрални и зелени и горни и долни, зар мислите дека после толку години чекање, реконструкцијата на Универзална Сала, брендот на културниот живот во Скопје, треба да се направи БЕЗ ТЕНДЕР за идејно решение, туку со донација?