Следното рочиште за судскиот предмет „Меѓународен сојуз“ е закажено за 18 март. Судијката Софче Ефремова, најави дека на ова рочиште е предвидено да сведочат лицата Јордан Камчев и Агапи Дика. Воедно таа посочи дека судот е известен дека барањето на обвинетиот Бојан Јовановски, за иземање на обвинителката Вилма Рускоска, е одбиено како неосновано.
Освен Јовановски, во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на прво обвинетиот и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.
Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојзу“.