Македонја не ни аплицирала за помошта од ЕУ за корона кризата

/ 12.03.2021

Република Македонија е единствената земја во регионот, но и во Европа која што не доби ниту едно евро, пари помош од солидарниот фонд на ЕУ во врска со справување со корона пандемијата.

Имено, првично бил испратен допис, но потоа како што велат од ЕК, државата не испратила конечна апликација.

-Република Македонија имаше право и тие првично им се обратија на службите во Комисијата со прелиминарно писмо во кое се наведува нивната намера да аплицираат, но конечно не доставија официјална апликација до единствениот рок до 24 јуни, велат од ЕК за ТВ21.

Во време на пандемија, кога сите земји во светот се обидуваат на секаков начин да обезбедат како вакцинити, така и финансиски средства, а особено кога станува збор за неповратни средства македонската Влада не аплицирала за овој солидарен фонд од ЕУ, и е единсттената земја која што не искористи ниту едно евро од вкупно 530 милиони евра, наменети за борба против коронавирусот.


Од истата категорија