На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 160 мерки. За непочитување на брзина на движење санционирани се 21 возач, осум санкции за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, како и четири за прекршоци што ги чинат пешаците, соопшто Министерството за внатрешни работи.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за управување под дејство на алкохол, една за минување на затворен сигнал (црвено светло), две за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за непрописно престигнување и обиколување…

МВР наведе дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.