Британско-шведскиот фармацевтски гигант АстраЗенека денеска објави нов дефицит во планираните испораки на вакцини за Европската унија, наведувајќи ги како причина проблемите со производството и ограничувањата на извозот.

– АстраЗенека е разочарана што објавува недостиг на планираните дози на вакцини против Ковид-19 за Европската унија (ЕУ), иако работи неуморно за да ги забрза испораките, се наведува во соопштението. гт/