Педесет и седумгодишна жена во Бугарија ја крена јавноста на нозе, откако починала еден ден по вакцинирањето со ванцина на АстроЗенека.
Првичните информации ан властите се дека таа имала сериозна срцев маана и нешто што на наликува ан белодробен еде, но кконените резултатитеќе се знаат во вторник.
Истовремено, три медицински лица чувствуваат проблеми, по вакцинирањето со истата вакцина.
Вакцинирањето со АстроЗенека во Бугарија е сопрено, а Борисов објаснува дека имаат најголема нарачка токму од таа вакцина зашто прво се појавила на апзарот. Но, како што нагласил, плаќањето ќе биде по доставени вакцини, а не авансо.
Министерот за здравство на Бугарија, Ангелов, во врска со смртта на жената, во една конфузна изјава истакнал:
“Вчера многу внимателно го кажав тоа и ќе го повторам денес: серијата Астра Зенека, која беше запрена од други европски земји по препорака на ЕАЛ, не треба да ги загрижува луѓето вакцинирани со неа… Она што се случи во Бугарија беше фатално за 57-годишна жена која беше вакцинирана со вакцина Астра Зенека од друга серија и сосема е нормално што сторивме за да престанеме да вакцинираме со сите серии додека не се расчисти ситуацијата. Ние ја разбираме напнатоста на луѓето во земјата, но мерката е превентивна. Додека не се заврши истрагата примероците, ќе го запреме овој процес “, додаде Ангелов.