Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од улиците „Марко Крале“, „Мепсо“ и „Раштански Пат“, информираат од скопското ЈП „Водовод и канализација„.

Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект ф 80 мм на улица „Марко Крале“ бр.126 во населба Бутел, и ќе трае до санирање на дефектот.