За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е за 1,45 метри понизок од просекот за март иако за 20 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. За 11 сантиметри понизок од просечниот е и водостојот на Охридското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е за 3,06 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Најчесто пониски од просечните се и водостоите на реките во земјава, но бележат благо зголемување во однос на вчера.