Вчера во Скопје на 67 годишна возраст почина проф. д-р Александар Шиколе, специјалист интернист-нефролог, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје од 2006.

Роден е во Скопје на 31 октомври 1954. Медицински факултет и специјализација завршил во Скопје.

Докторирал во 1994 година од областа на примената на еритропоетинот кај пациенти лекувани со ХД, проблематика на која континуирано работи.

Бил директор на Клиниката за нефрологија во неколку мандати.

Дома и во странство објавил над 250 труда од неговата специјалност. Како истакнат меѓународен експерт бил гувернер на Европското здружение за вештачки органи.