Бесплатна проверка на крвен притисок, делење флаширана вода и едукативни флаери од страна на волонтерите на Црвен Крст на Република Македонија, општинска организација Крива Паланка, беа дел од активностите за заштита од топлотен бран што денеска се реализираа во центарот на Крива Паланка за заштита од топлотен бран.
– Со оглед на најавените екстремно високи температури, денес спроведовме теренски активности за заштита од топлотен бран. Поделени се над двесте шишиња флаширана вода, поделени се едукативни флаери со препораки за заштита од топлотен бран, а волонтерите реализираа бесплатна проверка на крвен притисок и шеќер во крвта. Ова се само дел од препораките за населението, со акцент на тоа да останат хидрирани, да избегнуваат изложување на сонце во најтоплиот дел од денот и да се грижат с за сопственото здравје – информира Маја Илиевска, секретар на ОО Црвен Крст Крива Паланка.
Посочи дека со навремена превенција, заедничка грижа и одговорно однесување, сите заедно полесно ги надминуваат предизвиците од топлотниот бран и сите предизвици во животот.
МИА




