Русија соопшти дека во нејзиниот истражувачки центар „Чумаков“ ги почнала клиничките тестирања од третата фаза на третата нејзина вакцина против Ковид-19, пренесе Гардијан.
Досега Русија е меѓу најуспешните земји во развојот на вакцини, а резултатите од тестовите на првата вакцина „Спутник V“, што беа објавени во февруари, покажуваат дека таа нуди приближно 92-отстотна заштита од Ковид-19.
Втората руска вакцина „Спутник лајт“ ќе се дава во само една доза и е на пат на одобрување.