Тешко на државата во која најбезличниот претседател ја префрла одговорноста на најнеспособниот министер. Додека трае претставата и глумата на Пендаровски и Филипче, Македонија имаше нов црн ден во кој од корона починаа 33 граѓани.

Реалноста е дека власта од која дел се и Заев, Пендаровски и Филипче, потфрли и не ги заштити граѓаните навреме и не им набави вакцини. Како резултат на тоа сме една од земјите со највисока смртност, а граѓаните спасот го бараа во Србија.

Одговорноста за кризата и хаосот тоа е и кај Пендаровски и кај Филипче и тоа го знаат и самите, затоа прават претстава пред граѓаните префрлувајќи си ја топката еден кај друг, додека бројките на починати растат.

Филипче, Заев и Пендаровски заедно на заедничка маса ги носат мерките, заедно прогласија и вонредна состојба кога им требаше за злоупотреба на власта и кризна состојба и заеднички лажеа дека ќе го вклучат приватното здравство во јавното за да се помогне во кризата и тоа досега не го направија.

Дури и самиот Пендаровски признава дека заеднички преговарале за вакцини кои никогаш не ги добивме, а лажеа дека ќе стигнат во февруари.

Тоа што граѓани се вакцинираат во Србија е доказ за неспособноста Пендаровски, Филипче и целата власт која наместо вакцини гледаше како да добие провизии. Наместо да си ја префрлаат одговорноста треба и двајцата да си понесат оставки.

Околу глумата и театарот, намалете малку, проѕирни сте. Ако Пендаровски е автохтон во своите одлуки, нека посочи една одлука со која има различно мислење од Заев. Нема таква. Впрочем неговиот потпис е на законот за попис кој требаше да се случи во ек на најголемата здравствена пандемија.