Виртуозите на виолончело,Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ повторно се собраа да ја прослават 10-годишнината од својата кариера. Првиот запис по повеќе од една година се појави на официјалниот „Јутјуб“ канал на „Ту челос“ (2Cellos), а Хаусер и Чулиќ за таа пригода ја избраа песната „Livin’ on a Prayer“ од Бон Џови.
Под видеото на „Јутјуб“ многумина се прашуваа дали станува збор за првоаприлска шега, но дуото на своите профили на Инстаграм потврди дека се вратиле. Ова е нивно прво заедничко издание по пауза од две години.
Засега не е јасно дали ова е само собир на годишнината, но фановите на дуото изразија воодушевување. „Не е први април, легендите се враќаат“, е само еден од сличните коментари.