Првите прелиминарни резултати од парламентарните избори во Бугарија според социолошката агенција „Ексакса“ се дека партијата на премиерот Бугарија ГЕРБ освои 25,1 отсто под гласовите, главната опозициска сила во Бугарија БСП – 16,5 отсто, а формацијата на Слави Трифонов Има таков народ доби 16,2 проценти, јави дописникот на МИА од Бугарија.
Движењето за права и слободи освои 10,0 проценти, Демократска Бугарија на поранешниот министер за правда во една од претходните влади на Бојко Борисов доби 9,4 отсто, Исправи се на поранешниот народен правобранител Маја Манолова доби 4,8 додека ВМРО на Карасимир Каракачанов 4,5 проценти.