Американскиот претседател Џо Бајден ги објави своите први мерки во услови на обновен притисок за справување со насилството со оружје во САД по серија масовни престрелки.
– Преземаме чекори да се справиме не само со кризата со вооружување, туку и со каква е реално кризата во јавното здравство, рече тој за шесте извршни активности што Белата куќа ги објави синоќа.
Според него, насилството со оружје во оваа земја е епидемија и меѓународна срамота.
Тој потег следи откако насилството со оружје повторно се најде во центарот на вниманието откако вкупно 18 лица беа убиени во две масовни пукања во Џорџија и Колорадо. Според Центарот за контрола и превенција на болести, речиси 40.000 луѓе во САД умираат од прострелни рани годишно.
– Доста е молитва – време е за акција, рече Бајден.
Бајден го повика Министерството за правда да издаде правило во рок од 30 дена со кое „ќе се запре ширењето на огнено оружје, според соопштение на Белата куќа.
– Секој, од криминалец до терорист, може да го купи овој комплет за само 30 минути за да состави оружје. Сакам да видам како овие комплети се третираат како огнено оружје, рече Бајден.