Меѓународниот аеродром во Тирана е бликиран втор ден за летови, поради штрајкот на контролорите за летање на компанијата „АлбКонтрол“.

Откако Обвинителството во Тирана отвори истрага за ситуацијата создадена вчера на аеродромот, полиција повикала на разговор 24 лица.

-Од синоќа повикани во полиција се 24 контролори, кои беа испрашувани околу ситуацијата. Обвинителството не може да ги обвини за злоупотреба на службената должност. Злоупотребата на службената должност е дело на администрацијата, во овој случај кој знае кое е образложението на Обвинителството. АлбКонтрол е независен од државата, не гледам никаква јавна функција на која е поведено ова обвинение, изјави за медумите адвокатот на контролорите, Резарт Ктупи.

Бидејќи се уште нема решение за ситуацијата создадена на аеродромот, ТИА на својата официјална веб-страница објави дека и за денеска се откажани сите летови.

Поради штрајкот, од синоќа аеродромот, како стратешки објект од национелен интерес, го обезбедуваат воената и специјалната полициска единица.

Контролорите меѓу другото бараат да им се врати износот на месечна плата од 4.400 долари, колку што земале до крајот на 2019 наместо актуелната 2.490 долари, која е намалена поради намалениот обем на работа.

Министерката за инфраструктура Белинда Балуку, овој чин го нарече државен удар, а, пак, премиерот Еди Рама за поттикнување ги обвини претседателот Илир Мета и Сали Бериша.