За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 25 сантиметри понизок од просекот за април, а за 1,52 метри пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро, но сепак за 14 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. Единствено Дојранското Езеро има повисок водостој од повеќегодишниот просек за овој месец и тоа за 2,83 метри.
Понизок водостој од просечниот имаат и речиси сите реки во земјава и најчесто е ист или благо зголемен во споредба со вчера.