Турските власти денеска го казнија Гугл со 296 милиони турски лири (36,6 милиони долари) за кршење на законот за државна конкуренција.

Турската Агенција за конкуренција соопшти дека Гугл го прекршил законот со усложнување на резултатите од пребарувањето на пазарот на услуги за содржини, ставајќи текстуални реклами на врвот од своите резултати од пребарувањето, со што ги исклучува своите конкуренти, пренесе агенцијата Анадолија.

Истрагата ги опфати турскиот Google Reklamcilik ve Pazarlama Ltd., Google International LLC, Google LLC, Google Ireland Ltd. i Alphabet,  матичната компанија на Гугл.

Европската комисија, исто така, во 2019 година на Гугл му одреди казна од 1,69 милијарди долари за кршење на правилата за монопол на Европската унија за рекламирање преку Интернет.