Креветите мазни и под конец наместени, бањата блеска… Хотелските соби на прв поглед, секогаш изгледаат совршено, но вистината е многу поинаква.
Интернет страницата „Трилист” ги открива трите „највалкани” тајни на хотелските соби и апартмани.
1. Не допирајте ги украсните перничиња!
Украсните перничиња на креветот изгледаат прекрасно, но тие се вистински рај за бактерии. Тоа е така бидејќи популарните „летечки перничиња“ често завршуваат на под… И насекаде низ собата.
2. Не користете ги чашите во собата!
Чашите во хотелските соби најчесто не се мијат со средство, туку се само заплакнати со вода и оставени на сушење. Собарките имаат многу соби за расчистување, и тоа мора да биде брзо, па тие самите претпочитаат да не се задржуваат долго во една соба.
3. Избегнувајте онлајн резервација!
Резервирање соба преку интернет можеби има свои предности, но има и свои ризици. Така, според туристичките оператори, може да го добиете најлошиот можен пакет. Хотелските менаџери знаат дека луѓето кои резервираат онлајн, најчесто ја бараат најевтината варијанта, па политиката гласи – полошите соби одат на „онлајн букинг”.