Посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Брисел даде значителна можност за продолжување на разговорите за деталите за дијалогот и очекувањата кога станува збор за европскиот пат на Приштина, напиша специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак на Твитер.

– Посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Брисел даде значајна можност да продолжиме со нашата суштинска и конструктивна дискусија од март. Разговаравме за деталите за дијалогот, како и за нашите очекувања кога станува збор за европскиот пат на Косово, напиша Лајчак по средбата со Курти.

Лајчак на Твитер објави и фотографија од средбата со Албин Курти, кој е во дводневна посета на Брисел.