На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 187 сообраќајни мерки, меѓу кои 34 санкции за возење со брзина поголема од дозволената, 13 за возење без возачка дозвола и шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР денеска информираа дека се изречени и 19 санкции за користење мобилен телефон, 17 за некористење сигурносен појас, седум прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за непочитување на првенство на минување и 46 санкции за непрописно паркирани возила.

МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.