Алис Рајли јавно проговори како изгледа да се биде девица на 27 години, истакнувајќи дека за тоа дел се криви околностите, а во еден дел тоа го сакала сама.

Јавната исповед дошла после истражувањето кое покажало дека секоја осма личност над 26 години и понатаму е невина, а експертите велат дека тоа е поради „страв од интимност“, пренесува Индепендент. Меѓутоа, Рајли објаснува дека тоа не е причината за нејзината невиност.

Алис Рајли, која е блогерка и се занимава со дигитален маркетинг, истакна дека нејзината одлука нема врска со религиозните уверувања.

Таа истакнува дека за нејзината невиност „виновни“ се околностите од една страна, но и нејзината желба да биде така од друга страна.

-Кога е во прашање губењето на невиноста, постојат луѓе кои ја чекаат правата личност и сакаат тоа нешто да им значи, но и такви кои не се грижат за тоа, кажа таа.

Рајли додаде дека таа спаѓа во првата група на луѓе.

-Не го барав човекот за кој ќе се омажам одма после тоа, но не сакав тоа да биде врска за една ноќ, сакам врска која би значела повеќе од сек*от. Претпоставувам дека се уште не сум ја пронашла вистинската личност, раскажа таа.

Рајли кажа дека била во врска пет недели и дека зборувале за се*с, но дека раскинале бидејќи нејзиното момче се уште имало емоции кон поранешната девојка.

-Кога сте невини, луѓето мислат дека сек*от не ве интересира, но тоа не е точно, вели таа.

Нејзината исповед ги подели луѓето на социјалните мрежи. Една девојка напиша дека ништо лошо во тоа да бидеш на 27 години, но и дека не е лошо да имаш врска за една ноќ и да ја изгубиш на 16 години.

Некои се прашуваат зошто воопшто морала да зборува дека е невина.

-Зошто мораше да објаснува што прави со својата