Германија е меѓу водечките земји во Европа според трошоците за работна сила – секој час работа го чини германскиот работодавач во просек 36,70 евра. Највисока цена на работна сила има во Данска, а најниска во Бугарија – 6,40 евра на час.
Во просек за ЕУ, трошоците за работна сила (плата плус осигурување) изнесуваат 28 евра за еден час работа. Сумата е формирана од бруто плата и дополнителни одземања, како што е социјалното осигурување, информира Дојче веле.
Највисока цена на работната сила има во Данска – 46,90 евра за одработен час, а најниска во Бугарија – 6,40 евра, според Федералниот завод за статистика „Дестатис“. На дното на рангирањето се неколку постсоцијалистички земји, во кои трошоците за работна сила се околу десет евра за час- Хрватска, Унгарија, Полска и Литванија, а претпоследна е Романија со просечна цена на трудот од 7,70 евра.