Вечерва на социјалните мрежи се споделуваше информација дека имало престрелка во населбата Ченто и четири мртви лица.

Од МВР ги демантираат таквите информации.

Престрелка немало, уште помалку повредени и загинати.

По демантот на МВР следеше бришење на текстовите поврзани со ова по порталите.

Но, ако немало претсрелка, имало сообраќајка кај Ченто кога возило БМВ му преесекло пат на комбе, по што комбето удрило во дрво и се превртело. По ова, наводно имало заканувања со пиштол, но ништо повеќе од тоа.