Италија ќе го укине карантинот за сите патници од земјите членки на Европската унија, Велика Британија и Израел од недела, 16 мај, соопшти денеска министерот за здравство Роберто Сперанца.
Тој прецизира дека патниците од тие земји нема да имаат повеќе обврска да поминат пет дена во изолација по пристигнувањето, но сепак ќе мора да направат негативен тест за коронавирусот.
Додека Италија се подготвува за туристичката сезона, повеќе од осум милиони луѓе се целосно имунизирани во земјата, а речиси 26 милиони примиле барем една доза.