Невладината организација „Репортери без граници“ (РСФ) од денес ја почнува „Иницијативата за новинарска доверба“ (JTI). Тоа е платформа што има за цел да се бори против дезинформациите преку промовирање на медиуми што се сметаат за „сигурни“, по ригорозен процес на верификација. Конкретно, Здружението за одбрана на слободата на печатот на Интернет стави дигитална апликација преку која медиумите можат да аплицираат за да ја добијат ознаката JTI, на крајот од процесот во три етапи, јави дописникот на МИА.
Според соопштението за печатот на РСФ, медиумите прво ќе треба самостојно да ја проценат нивната усогласеност со ознаката „JTI стандард“. Тоа е збир на професионални критериуми развиени во соработка со повеќе од 130 организации и медиумски работници, академици, регулатори, технолошки компании, со основачката поддршка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и агенцијата Франс Прес (АФП) . Второ, медиумите ќе можат да ги објават резултатите од нивната самооценка во форма на извештај за транспарентност. Конечно, надворешната ревизија што предизвикува независна проценка ќе ја спроведе акредитирано тело за сертификација.
Само по завршувањето на сите три чекори, учесниците во процесот ќе можат да ја добијат ознаката JTI. Според РСФ, овој проект претставува „радикален и иновативен чекор напред во борбата против дезинформациите“.
-Во сегашниот хаос на информации, лажните вести, пропагандата и говорот на омраза имаат конкурентска предност во однос на новинарството, рече генералниот секретар на здружението Кристоф Делуар, цитиран во соопштението за печатот.
„JTI е иницијатива за промена на играта со тоа што усогласеноста со професионалните стандарди е опиплива предност и на крајот ветува за одржливост на новинарството“, додаде тој.
Со овој проект, чии принципи беа обелоденети во 2018 година, а е кофинансиран од Европската комисија и Крег Њумарк филантропи (филантропска организација на основачот на страната Креглист), РСФ се надева дека ќе ја охрабри јавноста да се сврти кон медиумите. JTI, исто така, може да ги смири огласувачите и затоа да генерира поголем приход од рекламирање за учесниците. Етикетата може да послужи и како препорака за трети страни (регулатори, социјални мрежи, итн.) и да ги охрабри медиумите кои се уште не ги исполнуваат критериумите за да се усогласат со неа.