Електрична енергија утре (21 мајј) од 8.30 до 12:30 часот ќе немаат корисниците од ул. „Хоџа Атула Куртиши Ата“ од бр.12 до бр. 35 и од ул.„Војдан Чернодрински“ (зад Полициската станица Бит пазар) во општина Чаир, соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД.
Од 8 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од фирмата „Јавор комерц“, како и сервис „Цилаз“ лоцирани на бул. „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром, а од 8.15 до 15 часот и корисниците од улиците „166“, „Хусеин Бајрам“, „165“ и „172“ во општина Центар.
Во периодот од 9 до 14.30 часот утре електрична енергија ќе немаат и корисниците на дел од населбата Стопански Двор, објектите околу стопанскиот објект „Галафарм“ во општина Ѓорче Петров.