Во Кина досега се дадени 450 милиони дози вакцини против коронавирусот и само во изминатите 24 часа вакцината ја примиле над 13,8 милиони граѓани, соопшти денеска Кинеската национална комисија за здравство.
Водечкиот кинески епидемиолог Жонг Наншан верува дека до јуни владата ќе може да вакцинира 40 проценти од населението или 560 милиони од 1,4 милијарди луѓе.
Кампањата за вакцинација во Кина почна во декември 2020 година и до април биле распределени 126 милиони дози за вакцинирање на граѓани, а до 1 мај повеќе од 270 милиони. Кина разви пет вакцини за коронавирусот што се веќе на пазарот, а во тек се клинички испитувања на нови лекови.