Проширувањето на Европската унија мора да се заснова на постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи на Балканот, и ова треба да биде неповратен процес со текот на времето. Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев, кој денеска се состана со министерот за надворешни работи на Португалија, Августо Сантос Силва и со европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеи, соопшти прес-службата на шефот на бугарската државата.

На состанокот учествуваше и министерот за надворешни работи во привремениот кабинет Светлан Стоев. Во фокусот на разговорот беа можните приоди за забрзување на процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан. Румен Радев го истакна извонредниот напредок на европската агенда постигнат под Португалското претседателство со Советот на ЕУ и ги истакна напорите на европските институции за уште поблиска интеграција на Западен Балкан во обединета Европа.

Бугарија ќе продолжи да ги поддржува кандидатите за пристап во Унијата за да ги исполнат критериумите за членство во Копенхаген и да ги промовира принципите на добрососедство и почитување на човековите права, кои се во основата на европската соработка, посочил Радев.

„За Бугарија, европската перспектива на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ се неоспорен приоритет“, истакна шефот на бугарската државата, додавајќи дека директниот и отворен дијалог е најважен за постигнување ефективни резултати за земјите кандидати за ЕУ.

„Затоа сакаме да видиме не декларации, туку јасни гаранции за нашата национална безбедност и за нашите национални интереси“, додаде Радев, се нагласува во соопштението.