Зоран Заев стои зад акредитацијата на универзитетот од Велико Трново „Свети Свети Кирил и Методиј“, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Со ова не само што се кршат закони во Македонија туку и директно се погазува достоинството на нашиот најстар универзитет. Се создава паралелен универзитет на „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје кој има идентично име што несомнено ќе создава забуни и уништување на брендот. Ова е ГОЛЕМА, ГОЛЕМА грешна одлука на Владата. Прво ваквата одлука не е базирана на реципроцитет, бидејќи не е овозможена акредитација на некој македонски универзитет во Бугарија, што е суштина во билатерални односи помеѓу две земји. Второ, овој универзитет не е ниту најквалитетен во Бугарија, а да не зборуваме на Шангајската листа. Со други зборови Заев наместо да се бори да донесе светски реномирани универзитети во Македонија кои ќе го издигнат македонското високо образование, се води само од политика и исполнувањето на концесиите кои ги ветувал. Заев е непогода по се во Македонија, па и по образованието, се вели во соопштението.