Испаѓањето на Вардар е голем срам за Македонија, тој е најголем клуб во Македонија,со голема историја и традиција и такво нешто со пари не може да купите, изјави Олгун Ајдин, газда на ФК Шкупи.
-Испаѓањето на Вардар од Првата лига е голем срам за Македонија. Вардар е најголем клуб во Македонија, клуб со голема историја и традиција и такво нешто со пари не може да купите. Вардар е најсјајниот камен во македонскиот фудбал. Жално е тоа што му се случи на Вардар, мислам дека не смееше да се дозволи такво нешто. Мораше да се најде решение. Во Турција постои закон каде што секој што спонзорира тим е ослободен од данок, а ако беше таква ситуација и во Македонија, најверојатно Вардар немаше да испадне од лигата, рече Ајдин.
Неговиот тим Шкупи имаше одлична сезона и заврши на втората позиција со што обезбеди место во Европа за следната сезона.