Италијанскиот фудбалски тренeр Антонио Конте ги напушти денеска редовите на Интер, разделувајќи се по двегодишна соработка со клубот на кој сезонава му ја донесе првата шампионска титула по пауза од 11 години.
Италијанските медиуми јавија вечерва дека причина за прекинот на соработката е несогласувањето меѓу Конте и клупското раководство околу следните чекори по освојувањето на титулата во Серија А и настапот во Лигата на шампиони следната сезона.
Соочени со финансиска криза, раководните структури на Интер побарале од Конте согласност за продажба на клучните фудбалери, меѓу кои Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез, во претстојниот преоден рок, како и да продолжи да работи во клубот за пониска плата.
Медиумите објавија дека 51-годишниот Конте ги отфрлил ваквите барања и двете страни, на крајот, постигнале заемен договор за прекин на соработката.
Конте имаше договор со Интер до лето 2022 година, а за предвремениот прекин на соработката ќе добие отштета од седум милиони евра