Политичките лидери на двете земји имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори, заклучија денеска во телефонски разговор премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев.
Заев му го честита изборот на Јанев за претседател на службената Влада на Република Бугарија и му посака плодна и успешна работа.
Како што соопшти владината Прес-служба, двајцата премиери разговара за вкупните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на потребата за вложување на сите напори за разговори и за заемно прифатливи решенија.