Американскиот министер за одбрана Лојд Остин нагласи во Конгресот дека повлекувањето на американските трупи од Авганистан се одвива нешто побрзо од предвиденото, без да даде детали.

На состанокот на Поткомитет на Претставничкиот дом, Остин рече дека буџетот од 715 милијарди долари предложен од Министерството за одбрана вклучува и средства за развој на армиските можности со цел да се спречат терористички напади врз интересите на САД во Авганистан.

Американските воени команданти велат дека ќе ги следат и спротивставуваат на заканите од Ал Каеда и ИД откако американските трупи ќе го напуштат Авганистан.

Американскиот претседател Џозеф Бајден нареди целосно повлекување на преостанатите 2.500 американски војници од Авганистан во април до 11 септември. Остин не прецизира кога е можно да заврши повлекувањето.